Тоа што сегашниот Врховен лидер на земјата го наполни своето портфолио со потези како атентат на својот полу-брат со воен отров, систематски тортури на затворениците и егзекуции на политички неподобните, не значи дека истиот би се дрзнал да направи некој нагол потег во однос на САД.
Како што објаснува Зишан Алим во текстот за Вокс, досегашните закани на Ким Јонг Ун кон САД звучат растроено, "како заканата од пролетва дека ќе употреби 'супер-моќен превентивен напад' што ќе ги претвори САД и Јужна Кореја во 'пепел'".
Проблемот според Алим е што и американските политичари, кои би требало да имаат инсајдерски информации околу владетелот од Пјонгјанг, ги делат "чаршиските" позиции за Ким Јонг Ун. Американскиот амбасадор во О.Н., во март предупреди "ова е нерационална личност, која не размислува како што треба". Џон Мекејн го нарекува Врховниот лидер "лудо дебело дете". Републиканецот Бредли Бирн по турнејата низ Азија во април годинава сумира: "Не верувам дека раководството на Северна Кореја е рационално."
"Текот на овие коментари има многу реални последици за тоа како САД се справува со Северна Кореја: ако Вашингтон верува дека Ким е стварно нерационален, тогаш е поверојатно да употреби сила за да го спречи. Ако дипломатскиот естаблишмент е уверен дека Ким е ментално нестабилен, тогаш замислата дека тој без проблем ќе лансира нуклеарка кон САД без грижа дека ќе биде збришан до лицето на планетата, станува веројатно сценарио.
Сето ова би го направило поверојатно лансирањето на превентивен напад од страна на Трамп против нуклеарните капацитети на Ким, со цел да го спречи претпоставениот исход," пишува Алим.
За разлика од политичката фела, историчарите и луѓето кои ја изучуваат Северна Кореја имаат сосема спротивно мислење околу Ким. Нивниот став е дека бескрупулозната и остра реторика што доаѓа од Северот не треба да биде помешана со нерационалност, туку Ким треба да се сфати како "екстремен калкулатор и дисциплиниран кога е во прашање одржувањето на контролата врз власта - како што беа и неговите претходници".
"За најголемиот дел од експертите за Северна Кореја, Ким Јонг Ун е далеку од нестабилен. Всушност, според нив ако некој е непредвидлив во ова сценарио тоа е претседателот Трамп," објаснува Алим.
Остатокот од анализата, тука