Пребегнати високи дипломати, висок функционер во министерството за безбедност, армиски офицер со висок чин и поранешен клучен член на пропагандната машина на Ким Јонг Ил, во септември беа дел од конференција во Холандија на тема - состојбата на режимот во Северна Кореја. Заклучокот беше: Северна Кореја е сред граѓанска војна.