Ким Дебелиот, Ким Дeбелиот Tрети, Дебелото дете Ким.... се најчестите интернет прекари на првиот човек на Северна Кореја кои веќе не постојат откако кинеските власти очигледно ги уважиле жалбите на своите колеги од таа земја.
Пребарувањето на фразата "Jin San Pang" на тамошниот Гугл (Баиду) и Твiтер (Веибо) враќаат нула резулати.
Односите меѓу Кина и комунистичката Кореја во последно време се затегнати заради нуклеарната програма на вториве но Пекинг и натаму го поддржува системот на Ким преку трговијата и дипломатските канали.
"Кинеската влада е посветена на градење здрава и цивилизирана атмосфера на дебати со различни мислења но не се согласуваме лидер на која било земја да биде нарекуван со погрдни имиња," рече портпарол на кинеското министерство за надворешни работи.
Западни медиуми велат дека северно-корејските надлежни лица побарале прекарот да биде отстранет од интернет пред тоа да го забележи самиот лидер 'па да испадне голема'.
А прекарот кој е извлечен од заоблената фигура на Ким е толку чест на интернет што пребарувачите сами ви го сугерираат како автоматско дополнување на бараниот термин.
Сепак, засега не оделе до крај со чистењето па ако "Ким Дебелиот" го нема, на кинескиот интернет уште го има "Ким Дебелиот Дебелиот Дебелиот".