Според Јанг Јин Сунг (човекот за пропаганда), членовите од Одделот за организација и водење (ООВ - моќна група која на времето му одговарала само на Кин Јонг Ил) комплетно престанала да прима наредби од Ким Јонг Ун. Според Јанг, овој оддел ја презел контролата над земјата и моментално конфликтот е меѓу различни фракции кои сакаат да ја задржат апсолутната контрола над економијата, и оние кои сакаат да се збогатат преку отворање на пазарот.
"Од една страна луѓето сакаат да го одржат монополот на режимот. Од друга страна, не е дека луѓето се борат против режимот, туку во смисла на политика сакаат да ја искористат ситуацијата и да стекнат влијание. Не станува збор за свесна граѓанска војна, туку постојат две некомпатибилни сили кои се во игра," објаснил Јин Сунг.
Во моментот кога Јин Сунг зборува за ова, Ким Јонг Ун повеќе од еден месец не беше виден во јавност, а последен пат кога се појави, за време на една церемонија во јули, тој сериозно куцаше со едната нога. Јонг Ун не се појави ни на едно од најважните собранија во септември, со кое претседава секоја година. Наместо тоа беше пуштено видео со него.
Јин Сунг верува дека државниот одар се случил во 2013-та, и дека Јонг Ун служи само како "марионета во рацете на ООВ." Според него ударот бил во исто време со егзекуцијата на вујкото на Јонг Ун, кој е долгогодишен противник на ООВ, меѓутоа бил недопирлив заради семејните врски со Ким Јонг Ил.
"Кога Јанг Сунг Тек беше егзекутиран, тогаш тоа во основа се' сруши. Едноставно не можеш јавно да допреш до член на семејството на Ким... Ова го означи доаѓањето на власт на ООВ. Со ова тие покажаа дека никој не е полегитимен од нив. Со смртта на Сунг Тек, Јонг Ун сега е опкружен со ООВ," објаснува поранешниот близок соработник на Ким Јонг Ил.
Да не се заборави од воведот дека човекот што го збори ова до пред некоја година бил одговорен за пропаганда, ама според него, многу е веројатно дека Јонг Ун, наскоро ќе биде заменет од 43-годишниот Јонг-Нам и 33-годишниот Јонг Чул.