Во соопштението се пренесува изјавата на еден од докторите кои работеле на лекот, кој објаснува дека тие "инсертирале ретки елементи од Земјата во женшенот, преку ѓубривото со кое се прихрануваат полињата со женшен." Лекот може да се дава само преку инјекција, а официјалното име му е Кумданг-2.
На веб-страната на лекот се наведува медицинска студија од Африка каде дрогата е тестирана на ХИВ позитивни пациенти. Според неа подобрување имало кај буквално сите учесници во студијата, од кои 56% биле комплетно излечени а 44% имале значително подобрување.
Научниците без да наведуваат дополнителни детали, откриле дека лекот можел да излекува и "одреден број канцери."