Постерот со Ун е проследен со зборовите "Bad Hair Day?" и под него попуст од 15% за сите фризури за мажи.
Постерот бил поставен на 9-ти април, а веќе следниот ден двајца мажи кои тврделе дека се претставници на северно-корејската амбасада ја посетиле берберницата и побарале да разговараат со сопственикот. Ним "инстантно им била покажана вратата за излез."
"Го ставивме постерот со попуст за машки фризури во месец април. Во неодамнешните вести имаше сторија дека на мажите во Северна Кореја им е дозволено да носат само една фризура.
Не сме знаеле ама амбасадата на Северна Кореја е на само 10 минути од берберницата. Следниот ден претставници од таму се појавија во салонот барајќи да зборат со сопственикот.
Тој им рече, 'слушај ова не е Северна Кореја, ова е Англија, живееме во демократија, па се плашам дека ќе мора да излезете од мојот салон,'" раскажува еден од берберите.
Сопственикот подоцна ја информира полицијата за посетата, а од таму му соопштиле дека нив ги контактирала и амбасадата на Северна Кореја.