Денис Родман се расплака од среќа по средбата на Ким Јонг со Трамп

На маргините од средбата за која зборува целиот свет се огласи и Денис Родман, другарот на Ким Јонг-Ун кој за СиЕнЕн кажа дека цела Америка го напаѓала поради блискоста со лидерот на Северна Кореја но на крајот тој испаднал во право.

Светската јавност беше насочена кон Air Force One, претседателскиот авион на Доналд Трамп кој по една турнеја стигна на прва историска средба со Ким Јонг-Ун, претседателот на Северна Кореја со кого САД има долгогодишен спор од кој произлегуваа и сериозни дипломатски кризи.

Средбата се одржува во Сингапур а пред Трамп да слета таму, Денис Родман се јави директно за СиЕнЕн од аеродромот во Чанги на полноќ по локално време.

Легендарниот кошаркар на Чикаго Булс изјави:

„Пробав да го советувам Обама, но тој не ме сослушао. Отидов да споделам мислење со него, да му пренесам порака (од Северна Кореја) но тој ме избрка. Тоа не ме спречи да отидам кај Барак повеќе пати зошто имав доверба во Ким и знаев дека таа врата порано или подоцна ќе се отвори“, емотивно раскажа Родман за пораките кои ги праќал неговиот другар Ким-Јонг-Ун до САД.

 

„Кога се вратив дома (во САД) морав да се кријам 30 дена. Стоев со високо крената глава, знаев дека работите ќе се сменат и бев сам против сите додека го поддржував (Ким). Никој не сакаше да ме поддржи, но на крајот испаднав во право“.

12 јуни 2018 - 17:31