Во верзијата според која Ри Сол-ју ја изгубила наклоноста од владетелот, се тврди дека таа се спукала со неговата помлада сестра, Ким Јо-јонг која се повеќе ја сметаат за сива еминенција зад тронот во Пјонгјанг. Јо-јонг минатата година беше назначена за одговорна за Пропаганда и агитација, и нејзина главна задача е изградба на култ на личноста околу брат и.
Ри последен пат е видена на 28 март, во здравствениот комплекс во новата комерцијална област во Пјонгјанг.
Наспроти нејзе, Ким Јонг-ун постојано е пред камерите како дел од неговата турнеја низ земјата, а беше присутен и на првиот конгрес на партијата во последните 36 години.
Според професорот од токискиот Васеда Универзитет, Тошимицу Шигемура, кој се фокусира на лидерството во Пјонгјанг, исчезнувањето на Ри може да се должи на неколку фактори:
"Има неколку можни причини, вклучувајќи дека таа е трудна или дека има некаков проблем меѓу нив двајца.
Исто така имаше извештаи за нестабилност во Пјонгјанг, па дури и за неколку обиди за напад, вклучително и од фракции во армијата, против Ким.
Можно е Ри да не се појавува во јавност бидејќи е добро чувана."
И професорот потврдил дека Јо-јонг има големо влијание врз својот брат, и дека таа е одлична во маневрирање кое е неопходно за да го одржи на власт.
Ри исто така исчезна и во 2012. Една година подоцна откако беше во посета на Северна Кореја, Денис Родман откри дека Ри кон крајот на 2012 родила ќерка.