Темата е „Новата економска мапа на корејскиот полуостров,“ која Мун ја објавува минатата година, и документите на УСБ-то објаснуваат како двете Кореи ќе можат економски да соработуваат што ќе донесе десетици милијарди долари развој за Северот.
Еден од столбовите на целиот план е железничката мрежа на двете Кореи „која ќе може да биде искористена за поврзување со Кина, Русија и Европа.“
„Со УСБ-то треба Ким да се увери дека стварно има друг пат по кој може да тргне. И порачува дека тие се сериозни околу соработка со него за она што е и нивна вистинска амбиција - да бидат богата источноазиска држава,“ објаснува експертот за Северна Кореја од Јонсеи Универзитетот, Џон Делури.
Наводно на УСБ-то има и „информации за електрана“, без дополнително да се објасни што тоа точно значи. Шпекулациите се дека можно е Југот да се подготвува да обезбеди електрична енергија за Северот, во замена за откажување од нуклеарното оружје.
Аксиос објавува дека тектонските помрднувања во односите меѓу двете држави се должат на паниката што го фатила јужнокорејскиот претседател Мун Јае-ин откако минатото лето дознал дека Белата куќа и Пентагон работат на воено решение во случај Ким да им се закани на САД.
„Па тој ги вклучи сите можни дипломатски сили, користејќи ја воената криза за да му ги покаже на Ким плановите за економски развој што одамна сакаше да му ги испорача,“ пишува Џонатан Свон во Аксиос.