1. Главниот град на Северна Кореја е во целосна изолација
Од 27. септември забрането е какво било влегување или излегување од главниот град, барем за жителите на градот. Во сценариото за државен удар ова може да е обид да се спречат можните дисиденти или организатори на ударот да избегаат од градот по неуспешен обид, или може да е одлука на пучистите да ја наметнат својата контрола по успешното освојување на власта.
Можно е и воопшто да немало пуч, туку затворањето на градот да е дел од некоја нова потера по нелојални граѓани.
2. Ким Јонг-Ун не е виден повеќе од еден месец
Од крајот на септември Ким Јонг-Ун се нема појавено во јавност. Според официјалните медиуми неговото отсуство се должи на здравствени проблеми. Во две видеа (од јули и септември) се гледа дека Ким оди со забележително куцање. Исто така имаше гласини дека тој има проблем со зглобовите како последица на постојаното консумирање алкохол и мрсна храна.
Според јужнокорејците Ким во последно време многу пешачел и одел (по службена должност) и можно е да правел операција заради пукнатина на зглобот.
3. Ким пропушти еден од најголемите настани во земјата
Минатиот месец Ким не присуствуваше на Врховното народно собрание. Ова му се нема случено од кога е на власт. Освен ова, во официјалните документи од собранието Ким Јонг-Ун се споменува дури на крајот, што беше толкувано како доказ дека Врховниот лидер ја губи власта. Треба да се има предвид дека и Ким Јонг-Ил не присуствуваше на секоја од овие седници.
4. Севернокорејски функционери ненајавени ја посетија Јужна Кореја
Делегација во која беа вториот и третиот човек на С. Кореја во саботата беше во изненадна посета на Југот. Ова може да е и највисоката делегација што некогаш ја посетила Јужна Кореја.
5. Гласини за се повеќе дисиденти
Според јужнокорејскиот Чосун Илбо, функционерите и војниците во земјата се повеќе даваат отпор кон Ким Јонг-Ун. Наводно функционерите отворено го критикуваат Ким или не се согласуваат со неговите политики. Нешто што било незамисливо во времето на неговите претходници.
6. Чести политички и армиски чистки
Откако е на власт, Ким има сменето околу половина од 218-те највисоки фунцкионери и офицери на Северна Кореја, а во изминатите 15 месеци 3 пати го смени највискиот армиски функционер.
Во првите 2 години додека е на власт, Јонг-Ун направи повеќе чистки во армијата отколку татко му за цели 17 години.
7. Проминентни дисиденти тврдат дека Ким е само марионета
Поранешниот член на пропагандата на Ким Јонг-Ил, Јанг Јин-Сунг, тврди дека елитната група Оддел за организација и водење, ја има превземено власта во земјата, а Јонг-Ун им е само марионета. Ова тврдење нема потврда од надворешни извори.