Во основа се работи за пракса што ја воведува дедото на сегашниот лидер на Северна Кореја и која е дел "од имиџот на големиот лидер како нуди благонаклони напатствија."
Темата на советите не се знае бидејќи тие ретко се објавуваат во медиумите, меѓутоа можат да бидат крајно идеолошки или пак специфични за некоја тема. Во извештај од 1976-та кога Ким Ил Сунг оди во посета на рибник, медиумите го пренесуваат следниот совет: "Гледајќи како работи еден камион, претседателот рече дека неговата приколка е премногу мала во однос на коњските сили. Тој рече дека проблемот ќе се реши со зголемување на приколката. По ова, капацитетот на камионот беше зголемен од 800 килограми на 2 тона. Како резултат на ова, 20 камиона можеа да носат ист товар за кој до тогаш беа потребни 50 камиони."
И покрај тоа што во земјата се достапни таблет уреди, хартиениот нотес останува омилен медиум.
"Ова се слики кои ќе бидат објавени на телевизија и прикажани на државните медиуми, па затоа сите што се во нив сакаат да изгледаат како го запишуваат секој збор на Ким Јонг Ун. Целта е тој да биде претставен дека има широки познавања. Сепак, ова е смешно, тој не може да знае се' за сите овие различни работи. Меѓутоа важно е луѓето околу него да изгледаат како да се фаќаат за секој негов збор," објаснува експертот за Кореја од Универзитетот Шефилд, професор Џејмс Грејсон.
По мислење на експертите, овие луѓе не е дека само позираат со тефтерите, туку и крајно внимателно запишуваат се што ќе им биде кажано. Инаку, содржината на нотесите може да се појави во јавност само по наредба на надлежните за пропаганда.