Ројтерс објавува анализа под наслов „Северна Кореја на Олимпијадата е на пат да добие златен медал во дипломатија“; Њујорк тајмс заклучува „Сестрата на Ким Јонг Ун го вклучи шармот, и го засени Мајк Пенс“; УСА тудеј пишува „Навивачките на Северна Кореја оставија одличен впечаток на Зимската Олимпијада.“
Уредникот за Азија-Пацифик на Би-би-си, Мајкл Бристоу, објаснува дека Ким Јо Јонг го подобрила имиџот на Северна Кореја (што и е работа како заменик директор на Одделот за Пропаганда и агитација), меѓутоа дека не сите биле освоени од ваквиот настап, како на пример јапонскиот министер за надворешни работи за кој Ким Јо тера „дипломатија на смешкање.“
„Ова е чудна ситуација во која имаш држава, Северна Кореја, што развива нуклеарки наспроти санкциите на О.Н, и добро поминува во јавноста.
И имаш држава како Америка, која е најблизок сојузник на Јужна Кореја, а лошо ја гледаат,“ објаснува Бристоу.
За разлика од Јо Јонг, Ројтерс за Мајк Пенс пишува дека бил „еден од најосамените ликови на отворањето“.
И покрај сето ова Атлантик потсетува дека пријателски настроената појава на Ким Јо Јонг и нејзиното ракување со јужнокорејскиот претседател, става под тепих неколку реални состојби:
„Двете Кореи технички се уште се во војна. Природата на севернокорејскиот режим не е променета. Ким Јонг Ун се уште сака да постави нуклеарна глава на интерконтинентална ракета која може да стигне до САД. И веќе има конвенционално оружје што се заканува на цела Јужна Кореа.“
До пред еден месец целата работа околу Олимпијадата одеше во сосема друг правец. Ким се закануваше дека има нуклеарно копче на биро од кое може да ги срамни САД (а Трамп одговори дека има уште поголемо копче на биро, иако никој од двајцата нема копче на биро) и дека ќе ја нападне Зимската Олимпијада. На сред сскање двете Кореи почнаа да разговараат. Северот се согласи да испрати спортисти на Олимпијадата и да ги прекине нуклеарните тестови. САД и Јужна Кореја се согласија до април да ги откажат заедничките воени вежби.