Според хиерархијата на отрови нервните агенси се најбрзите и најмоќните супстанци меѓу хемиските оружја, а во ова друштво ви-екс е најотровниот нервен агенс што денес постои на планетата, и се смета за далеку поотровен од сарин кога ќе дојде во допир со кожа.
Складирањето и производството на ви-екс е ограничено со Конвенцијата за хемиско оружје од 1993 на 100 грама годишно. Северна Кореја е една од шесте земји кои не ја потпишаа конвенцијата.
Смртоносната доза за возрасно лице е 10 милиграми ви-екс во допир со кожата, доколку не биде веднаш измиен.
Снимките од истрагата покажале дека Јонг-Нам бил нападнат од две жени, кои неколку секунди со раце му го допирале лицето, а потоа со трчање избегале. Сега се знае дека причината за бегството е што е можно побрзо да се измие агенсот.
Самиот агенс откако ќе дојде во допир со кожата почнува да го спречува работењето на ензимите кои помагаат во функционирањето на нервниот систем, што предизвикува задушување и парализа. Отровот е најопасен кога ќе биде вдишан.
Сиенен ја пренесува целата приказна за атенатот, кој наводно три пати бил вежбан (без жртви) во трговските центри во Куала Лумпур: