Зошто ЛА? Затоа што е во домет на интерконтиненталните ракети на Пјонгјанг и затоа што во воена смисла, би претставувал еден од најтрофејните цели на евентуален напад. Во градското подрачје живеат 13 милиони луѓе, градот е симбол на американската поп култура а во економски параметри произведува и заработува над 20 пати повеќе отколку цела Северна Кореја.
Што би се случило кога термонуклеарна ракета со 500 килотони (тоа се 500.000 кила класичен експлозив) би експлодирала километар ипол над центарот на градот каде што е финансискиот дисктрикт?
Под самата експлозија би била мртва зона од радиус од еден километар во кој за неколку секунди сè би било уништени; и живот и објекти.
Следува вториот концентричен бран на не потполни но тешки оштетувања во радиус од 6 километри во кој би се страдало од застрашувачки бран воздушен притисок кој ќе создаде разурнувачки ветришта од неколку стотици километри на час. На тој начин ќе се потроши 55% од енергијата на нуклеарната експлозијата. А има уште 35% топлинска енергија која во радиус од 12 километри ќе направи стотици пожари во градот. Повеќето луѓе и во овој круг ќе бидат или загинати или повредени. Плус електромагнетните импулси кои ќе ги блокираат сите важни системи и уреди (струјата, мобилните, интернетот...) што ќе предизвика колапс на службите (полиција, Брза помош...)
Тоа ќе бидат видливите ефекти на разурнувањето а во комплетот доаѓа и радијација која може да биде носена во сите правци. ЛА нема баш многу структурни плусови во вакви сценарио. Раширен е, со ниски згради па ефектите од експлозијата би се прошириле подалеку отколку што тоа би било случај со Менхетн. Дури и самото погледнување на огнената топка од, да речеме, Бурбенк (оддалечен 20 километри од центарот) може да предизвика трајни ослепувања бидејќи ќе биде неколкупати посветла од Сонцето.
Непосредниот жртвен биланс се проценува на преку еден милион лица.
Форбс, се разбира, му предлага на Трамп да разгледа и офанзивна воена акција против Пјонгјанг. Шоуто (бизнисот) мора да продолжи.