Таг: нуклеарна војна

Народ тргнал да купува нуклеарни бункери

Како што светот опасно се приближува кон нуклеарна распаљотка од сите страни, така како никогаш до сега, глобално, расте и продажбата на нуклеарни бункери за цивили, без разлика што експертите тврдат дека истите нема да завршат нешто многу работа во случај на нуклеарен армагедон.

Што кога ќе видиш 300 руски нуклеарки како летаат накај тебе?

Фајненшл тајмс решава сценарио во кое 300 руски нуклеарни ракети се лансирани кон САД. Најверојатно се работи за превентивен напад кој треба да ги уништи сите американски копнени силоси со интерконтинентални ракети. Американското ПВО не може да ги уништи сите, па на крај сепак загинуваат околу 2 милиона Американци.

Ароганцијата и лекомисленоста околу Украина можат да нè доведат до апокалипса

За време Студената војна, никогаш не верував дека сме во опасност. Кубанската криза, што ми го подрасипа 11-от роденден, ме убеди дека сите ќе имаат малку повеќе разум. Мислев дека телевизиските драми за нуклеарен Армагедон се неубедливи. Не можеа да смислат веродостојна причина за почеток на таква војна. Но, сега тоа делува сосем уверливо.

Не се секирајте и сакајте ја бомбата

Што подолго трае оваа прокси војна во Украина, толку поблиску САД доаѓа до директна конфронтација со Русија, а штом дојде до тоа, лесно е да се посегне по нуклеарките. Ако не верувате, посетете ги Хирошима и Нагасаки, градови кои немаа никаква воена важност а Јапонија веќе беше поразена. Беа уништени  само за да се покаже сила.

Трета светска војна во три чекори

Сценариото според Илон Маск е следно: За Русија Крим апсолутно е Русија. И Русија попрво би користела нуклеарки отколку да го изгуби Крим. Ако Русија користи нуклеарки, и Западот ќе користи нуклеарки.

Математики за апокалипса

Добрата вест е што во случај на нуклеарна војна меѓу САД и Русија планетава некако ќе преживее. Лошата вест е дека едно 5 милијарди луѓе од сегашната популација на планетава нема да преживеат. И тоа не од нуклеарките, туку од глад.

Што може една севернокорејска ракета да му направи на Лос Анџелес?

Форбс пишува дека САД треба да почнат да размислуваат во поконкретни термини за можноста од напад од Северна Кореја. Би било тоа класично ширење милитантна параноја додека не ви текне дека на едната страна на клацкалката седи некој како Ким а на другата некој како Трамп.

Што имаат заедничко САД, Русија и Северна Кореја?

Сите политички, идеолошки и вредносни разлики паѓаат во вода кога во име на помирниот сон на оваа планета ќе им побараш да се откажат од нуклеарките.

Американска психоза: Доаѓаат лудите Руси!

Вчудоневидувачки пример за тоа колку опасно Американците се погрешно информирани и водени од круговите кои деловно навиваат за војна односно зголемени воени буџети, на примерот на една статија од Њујорк Тајмс. 

Бункерот со 4 милијарди долари за не дај Боже

Како што армијата има бункер, како што претседателот има бункер, така и Федералните резерви на САД имаат бункер за во случај на апокалипса. Најзабележлива разлика во однос на другите бункери е што овој има брдо пари во него.