Критиката е дека овие бункери создаваат погрешна претстава дека нуклеарна војна може да се преживее и дека луѓето се залажуваат наместо да се фокусираат на опасноста од нуклеарна војна.
На сличен став се и американските државни органи, според кои овие бункери не се неопходни, а нивната официјална препорака е во случај на нуклеарна детонација да се остане на затворено, идеално во подрум или која и да е просторија оддалечена од надворешен ѕид и тоа најмалку на еден ден.
Наспроти препораките, производителите објаснуваат дека нивните муштерии се со став „подобро да го имаш а да не ти треба, отколку да го немаш а да ти затреба.“ Ваквото размислување ја прави продажбата на нуклеарни бункери, бизнис вреден речиси 140 милиони долари годишно, и се очекува тоа само да продолжи да расте.
Производителите објасниле дека бизнисот им тргнал последниве години благодарејќи на серија несреќни настани, почнувајќи од ковид пандемијата и војната во Украина, па се до последниот судир на Израел со Палестина.
Дури и да успееме да се воздржиме од нуклеарно уништување, производителите порачуваат дека нивните бункери вршат работа и за ураган или торнадо, па дури и за ерупција на вулкан.
Најдолниот праг на цената за нуклеарен бункер, кај Атлас сурвајвал шелтерс, е 20.000 долари, а знае да стигне и до милиони долари. Просекот е некаде околу 500.000 долари.
Од американската влада објаснуваат дека во случај на нуклеарна експлозија силно ќе светне и ќе се создаде облак во форма на печурка. Од тој момент на радиоактивниот материјал ќе му бидат потребни 15 минути за да стигне до лицата оддалечени на 1,6 километри (1 милја) од експлозијата.