Студијата на еден меѓународен центар за епидемиологија се базира на прехранбените навики на 135.000 лица во 18 земји од пет континенти, со различен стандард на живеење и БДП. Ваквиот огромен примерок бил следен 7 години.
Врз основа на податоците за нив, испаднало дека оние со поголем внес мрснотии (35% од вкупниот дневен внес на калории), имале 23% помалку шанси да умрат за време на студијата отколку оние 'посните', на кои, од сите калории на денот, само 10 посто им се од мрсно. Кардиоваскуларни проблеми се распоредени без разлика од нивото на мрснотии но затоа срцевите удари ги има помалку кај оние кои редовно се омрсуваат.
Кога се работи за јагленхидратите, ситуацијата е комплетно обратна. Оние со најголем внес (77% од дневната исхрана) имаат 28% поголеми шанси да умрат од оние со најнизок внес јаглен-хидрати (44% од калориите).
Заклучокот е дека не е здраво постојано да се бутаат јаглен-хидрати, без разлика дали тие се од префинета пекара во Париз или од фурната во Галичник.
Но, имаме да си кажеме уште една „драгичка“.
Истава студија релативизира некои од општите мудрости за неограничената корист од зеленчукот. Не вели дека не е здрав но вели дека во заблуда се оние кои мислат дека ако една тиквичка е здраво, тогаш пет тиквички е пет пати поздраво. Не оди тоа така.
„Во истиот труд од Пуре, се конфронтираат две нашироко прифатени уверувања околу овошјето и зеленчукот. Додека повеќето официјални прехрамбени препораки велат да се јаде што повеќе зеленчук, овие резултати велат дека поздрава е комбинацијата од овошје, семки и зрнеста храна отколку потпирањето на зеленчукот. Таквите препораки истакнуваат дека ако јадењето овошје и зеленчук е здраво, тогаш зголемувањето на количините мора да е поздраво. Но, кај партиципиентите во оваа студија, шансите за умирачка биле исти без разлика дали јаделе по 3 или по 8 парчиња зеленчук или овошје“.
На крајот на краиштата, зошто не им верувате на своите природни инстинкти и на своето родено тело? Мислите дека цел ваш организам ви работи на тоа да ве заебе?
Еве, проверете на која од овие две слики ви протекуваат лиги?