"Русија се вооружува за новата ера", пишува Њујорк Тајмас, наведувајќи дека руската воена потрошувачка во последната година пораснала за 11 милијарди долари во статија полна со впечатливи мапи и и дијаграми за оружје кои создаваат впечаток дека гледаме како 210-тата дивизија на Сталин повторно маршира кон Европа.
Професорка од Институтот Хариман уште тврди и дека "Владимир Путин се обидува да ги испровоцира САД и НАТО на воена реакција за да ја зголеми својата популарност".
"Каква неверојатна глупост. Оваа налудничава професорка верува дека на Путин, кој има рејтинг над 82 % кај домашната јавност, му треба нуклеарна војна за да добие уште пар поени?" се чуди Ерик Марголис во Infowars.
Да ги погледнеме вистинските податоци, предлага тој. Таканаречениот одбранбен буџет на САД е во рамки на 600 милијарди долари (некои тврдат и 700). 37% од вкупната воена потрошувачка на оваа планета ја држи нацијата која има само 5 проценти од светската популација.
Во бројките не се вклучени "црните" проекти, позајмиците на странски воени сили и тајните фондови за одржување на малите војни во Авганистан, Средниот исток, Африка или Азија. САД имаат 70-тина воени бази во целиот свет и постојано градат нови.
Американците на вооружување трошат повеќе од следните 9 најголеми воени сили - заедно.
Од друга страна е Русија со воен буџет од околу 70 милијарди долари. Повеќе од тоа имаат и Франција и Велика Британија, па дури и Саудиска Арабија.
А Русија е држава со многу незгодна географија за воено покривање па често ѝ се потребни и редундантни воени сили за да има систем за брза и ефикасна реакција на целата територија.
Според руската проценка, САД сега се обидува да го до-искине она што преостана од некогашната советска империја (промени на режимите во Украина, Грузија) и истовремено да ги подбуцне муслиманските движења за независност на Кавказот и Централна Азија. Затоа Русија и влезе во конфиктот во Сирија, пишува Infowars.
Рускиот воен сектор со децении беше осакатен по колапсот на СССР. Луѓето беа оставени да гладуваат а воената железарија да рѓосува. За време на коруптивниот систем на Елцин, огромен дел од руските воени тајни им беа продадени на Американците.
Релативно скромниот воен буџет на Русија не е никаква закана за САД. Закана за целиот свет е можноста нуклеарни сили да влетаат во непотребен конфликт. А денес тој е можен исто колку за време на кубанската криза во 1962 или пак, уште полошо, како во 1983 година, кога воената вежба на НАТО под име Able Archer, од страна на советските воени лидери беше погрешно протолкувана како вистински напад на НАТО.
За што ни треба воен конфликт со Русија, за украинскиот Мариупол или пак зза Идлиб во Сирија, места за кои никој никогаш не слушнал?, прашува Марголис.