Таг: пропаганда

Украинците буквално бомбардирани со пропаганда

Тенковски гранати полнети со по 1.000 летки со детални упатства за предавање (и зошто да се предадат и како да се предадат) секој ден се испукуваат кон украинските позиции на фронтот во Луганск. За сега не се знае колку вршат работа.

Кога тајната полиција учела да пишува поезија

Нова книга покажува како источногерманската Штази формирала таен поетски кружок, обучувајќи го да пишува поезија, но и да влегува во главата на поетите-дисиденти, ловејќи ги можните сублиминални пораки искажани низ метафори и други форми на фигуративно изразување.

Пропаганда од Втората светска војна според која морковите овозможуваат гледање во темница

Денес науката е согласна дека морковите, поради високата доза витамин А (во форма на бета каротин) се добри за очите. Но има мала разлика помеѓу „ок е“ и „има супер-моќи“. Оваа финеса послужила за сојузничка пропаганда во текот на Втората светска војна.

Русите се криви и за Стар Ворс

Илјадници фанови на Ѕвезените војни мислат дека со Последниот Џедај, продуцентите и режисерот ја упропастија нивната омилена филмска франшиза. Продуцентите и режисерот? Не бидете наивни.

„Оската Сели“ - американската спикерка која ширела нацистичка радио-пропаганда

Сонувала да биде бродвејска актерка. Но завршила како десна рака на Гебелс, кој користејќи го нејзиниот глас и џез музика изведена во живо, преку кратките бранови ја ширел наци-пропагандата.

Трамп може да се реши само со „сендвич од вистина“

Начинот на кој медиумите известуваат за Трамп најдиректно е во корист на Трамп бидејќи „му помагаат преку повторување на неговата порака,“ тврди американски когнитивен научник и лингвист кој изучува пропаганда, и дава решение на проблемот.

САД се последни кои треба да се жалат на странско мешање во изборите

„ЦИА секогаш успеваше да најде ентузијастички партнери меѓу локалните елити кои се спремни да се усогласат со нејзините барања за да добијат помош во нивната борба со домашните политички опоненти“, пишува американски професор во статија за тоа како САД, кои сега се мета на руско мешање во нивните внатрешни прашања какви што се изборите, повеќе од 70 години го прави токму тоа низ целиот свет. 

Советскиот научник кој е одговорен за смртта на милиони луѓе повторно популарен во Русија

Се смета дека Трофим Лисенко убил повеќе луѓе отколку кој и да е друг поединечен научник во историјата. А не дека немало јаки „убијци“, во вид на пронаоѓачи на динамит, отровен гас, атомски бомби. Сепак, сите тие можат вода да му носат на овој биолог.

Како интернетот не нè ослободи a социјалните мрежи нè ставија во трла

Социјалните медиуми беа верба во една транснационална мрежа која ќе го зближи човештвото. Истите тие мрежа всушност ги вчаурија луѓето во групи на истомисленици кои везден споделуваат слични ставови и погледи. И ако човек улулкан во тој истомислечки свет некогаш успее да сретне поинакво мислење, за него е нормално што тоа мислење го прогласува за ненормално.

Кампањата на ЦИА со лажни вести

Американски професор по историја во Њујорк тајмс ги потсетува Американците дека беспоштедната политичка пропаганда не е измислица на злите Руси. ЦИА во 50-тите години за истата цел го создава Радио Слободна Европа, станица која само за реклами добива медиумски простор од две милијарди долари.  

Зошто либералите толку се палат на војни?

Долгогодишната хистерија околу Русија, грижливо потпалувана од американските меинстрим медиуми и од НАТО пропагандата, ги втурна Американците во милитантно расположение, правејќи ги спремни „да се борат и да загинат“ за прекуоекански земји за кои до вчера немаа ни слушнато.

Како Финска успева да ѝ пркоси на информативната војна на Русија

Периодов европските разузнавачки агенции од Франција, Германија и Холандија, па до Чешка, кај стигнат алармираат за опасноста од Русија, која сега е олицетворена во пропаганда и дезинформации. Во исто време наспроти овие светски сили е Финска, која некако успеа да изгради имунитет на руската пропаганда, и покрај тоа што е на „првата линија на фронтот“.

Сега и Џереми Корбин е руски колаборационист

Од обете страни во полн налет е пропагандната хистерија поврзана со зголемените тензии на релација НАТО - Русија. Ај тоа Русите, кај нив секогаш е џа или бу, ама што префинетиот и демек толерантен на различности Запад сè повеќе се потпира на комунистичката парола „ко другачије каже, тај клевече и лаже“? 

Ако сакаш да го елиминираш, прогласи го за проруски

Данска новинарка и колумнистка е последната што е ставена на црната листа на ЕУ и нејзиното пропагандно тело за борба против пропагандата на Русија, а кое не е многу различно од озлогласената макартиева комисија во САД, која бркаше вештерки со алиби дека се бори против комунистите.  

Новинарскиот куршлус во Вашингтон Пост

Сред аферата со можната руска вмешаност во американските избори, Вашингтон Пост пушта многу посериозна вест: не само изборите, Русите успеале да ја хакираат цела електрична мрежа во САД! По сите параметри, вест која на угледниот медиум би можела да му донесе уште еден Пулицер. Само што, нема везе.

Немоќта на европските медиуми пред руската "пропаганда"

Деполитизираното новинарство, на кое долго и одлучно инсистираше Европската унија, вградувајќи ја во своите темелни статути директната забрана за јавно финансирање на мнозинството медиуми, се покажа како неспособно да се одбрани пред новинарство какво што преферира да финансира рускиот претседател Владимир Путин.

Никој не ми верува дека ништо не знаев

Брунхилда Помсел работела во срцето на нацистичката пропагандна машинерија. Во интервју по премиерата на документарец за нејзиниот живот, таа тврди дека нејзиниот шеф, Гебелс, ни од далеку не бил чудовиште, а неговите вработени не знаеле за холокаустот.

Како Асошиетед Прес соработуваше со нацистите

Асошиетед Прес е моќна и угледна новинска агенција со безброј блескави моменти во својата 170 годишна историја. Но, имаат тие и и свои потемни периоди од постоењето кога стандардите потклекнале под примамливоста на "ексклузивноста".

Жена од кариера

Сафја Јасин се до апсењето е сериозна пропагандна машина на ИСИС во САД, пред да биде со нив таа е една од најпознатите блогерки кои ја објавуваа вистината за тоа како "кемтреилс" ги трујат Американците, а кариерата ја започна како мајка од Мисури кој блогираше против вакцините и како тие предизвикуваат аутизам.

Американска психоза: Доаѓаат лудите Руси!

Вчудоневидувачки пример за тоа колку опасно Американците се погрешно информирани и водени од круговите кои деловно навиваат за војна односно зголемени воени буџети, на примерот на една статија од Њујорк Тајмс. 

Како изгледа модерна пропагандна машина

Петар Померантсев на 24 години се наоѓа на состанок во Москва со 20-те најголеми медиумски директори во Русија, каде дискутираат за планот за вести за следната недела. Померантсев искуството го пишува во книгата "Ништо не е вистина и се' е возможно," која "опишува свет во кој законите се менуваат во момент по желба на моќните и каде телевизијата дава сеприсутна, забавна и емотивно набиена дисторзија на реалноста."

Земјата која произведува слогани

"Растете зеленчук во оранжерии!" е еден од најновата реколта политички слогани кои ги произведе идеолошката елита на Северна Кореја. А ги има преку триста, за секоја тема од животот која на човека може да му падне на памет. Малку е проблем што во цела држава човек никаде не може да најде материјал за оранжерија.

Насловна на денот

ИСИС намерно пушта фотографии и видео снимки од погубувањата и сечењата глави а западните медиуми тоа безрезервно го пренесуваат, одработувајќи го на тој начин својот дел од пропагандата на џихадистите. Еден британски весник одби да учествува во таквиот ПР.

Американците јадат птици од гранки

Во Америка нема птици затоа што сиромашните Американци веднаш ги ловат и ги јадат, а луѓето живеат во шатори и пијат снег наместо кафе, или барем така се тврди во исечокот од еден северно-корејски документарец.