
По последното обезглавување на британскиот таксист Ален Хенинг, наместо фотографии од ужасниот чин, британски Индипендент излезе со малку поинаква насловна страница. На целосно црна позадина го напишаа ова:
"Во петокот ладнокрвно беше убиен пристоен и грижлив човек. Нашите мисли се со неговото семејство.
Беше убиен пред камера, чисто заради пропагандни цели.
Овде се вести, не пропаганда".