За новинарството од кое новинар го фаќа срам

Кои се тие луѓе кои денеска се претставуваат како „новинари“ и кои не знаат каде се ментално шупливи? И како на луѓето да им кажам дека сум новинар? Им викам дека сум инженер во пензија и дека отсекогаш сум го мразел новинарството, затоа што бројките се почесни од зборовите.

Ламентирање во болничкиот кревет на ОЗТ Онкологија знае да биде стресно, не само заради храната со која сум во постојана војна (невкусно и визуелно одвратно), туку и заради инфективната потреба нешто да читам.  Кога ќе завршам со „The Guardian“, „Raw Story“ или „The Ringer“, надрканиот андроид ми нуди вести од сите домашни тоалетоиди; што вика Блиц, што вика Курир, што вика РТС? Читам, умрел глумецот Ненад Ненадовиќ, заради „заражување“ со корона. Не знам што е појезиво, страшната вест за смртта или страшно неписмената вест за смртта?

Кои се тие луѓе кои денеска се претставуваат како „новинари“ и кои не знаат каде се ментално шупливи? Она што некогаш беше новинарство, денес се чита во наслов од Блиц:

„Најзгодната навивачка на Хрватска повторно се соблече! Минијатурните бикини оставаат без здив, сите гледаат во нејзините облини!“

Остава без здив? Мажите се гушат?

Ништо необично за Блиц во кој новата фотографија на Сека остава без здив, ќерката на Јован Мемедовиќ остава без здив, Милица Павловиќ ја покажала трансформацијата и новите фотки оставаат без здив....

Што ли друго може да одземе здив? Блиц тврди дека заоѓањето на сонцето во Србија остава без здив, полните трибини на Калемегдан оставаат без здив, колач со путер остава без здив (уште на првиот залак)....

Не можам повеќе. После пола саат гугл-дружење останувам без здив пред фактот дека овие оригинални наслови, мешавина на мали и големи букви, без интерпункција, се симбол на актуелното српско новинарство чиј шампион е извесен Т.Г., уредно потпишан на сторија чиј наслов го пренесувам во целина:

„Ги обоила веѓите дома, а кога го погледнала резултатот, СИЛНО СЕ ПОКАЈАЛА“.

Поднасловот е:

„Решила да ги обои веѓите во домашни услови а потоа сфатила дека многу погрешила“.

А целиот текст:

„Либи Андерсон на ТикТок го објави резултатот од фарбањето на веѓите и за секунда стана хит. Погледнете зошто.“

Само креативен но горд кретен смее да се потпише под ваква небулозна дијареа; прво се фарбала дома, па во домашни услови, па се покајала и конечно сфатила дека погрешила.

Пред сè, кого го боли курац за нејзините веѓи? Новинарот Т.Г. останал не само без здив туку и без мозок, но тоа во Блиц е најголема предност.

И после како да им кажам на луѓето во болница дека сум новинар кој останува без здив кога ќе види бикини или ќе проба колач со путер? Не фала, им викам дека сум инженер во пензија и дека отсекогаш сум го мразел новинарство, затоа што бројките се почесни од зборовите.

Петар Луковиќ во XXL, за неговата борба со ракот.

 

 

 

30 септември 2021 - 14:43