Излезот за медиумите од маѓепсаниот круг е самите стории да бидат конструирани на начин на кој „лагите на Трамп ќе работат против него.“
Џорџ Лаков објаснува дека прво нешто што медиумите мораат да разберат е дека не треба секој твит и испад на Трамп да го третираат како да има информативна вредност, а ако веќе го пренесуваат не смеат тоа да го направат без проверка.
Второ нешто што тој предлага е користење на „сендвич од вистина“.
„Прво, веднаш ќе се приближиш до големата слика колку што можеш повеќе. (Пример сржта на сторијата на Трамп во Сингапур: дека содржински е малку постигнато на самиот со севернокорејскиот лидер, и покрај целата помпа.) Потоа ќе известиш што Трамп тврди околу целата работа: дека постигнал светски мир. И потоа во истата сторија или издание, ќе ги провериш фактите околу неговото тврдење.
Тоа е сендвич од вистина - реалност, спин, реалност - и сето тоа во еден вкусен, за демократијата хранливи оброк,“ објаснува Лаков.