
Министерството за здравство на САД повлекува 500 милиони долари вложени во вкупно 22 проекти за развој на вакцини со мРНК технологија. Дозволено ќе биде да завршат некои проекти што се во финална фаза, како развојот на новата вакцината на Модерна против птичјиот грип Х5Н1.
Податоците покажуваат дека вакцините со мРНК не нудат ефикасна заштита од респираторните инфекции како грип или ковид. Ќе ги пренасочиме средствата кон побезбедни и пошироки платформи за вакцини, кои се поефикасни дури и кога вирусите мутираат, изјави министерот Кенеди.
Тој претходно ги повлече препораките за понатамошна имунизација против ковид и го отпушти панелот што дава препораки за вакцини. Уште од времето на пандемијата Кенеди е противник на вакцините со мРНК, кои во клетките на домаќинот доставуваат генетски инструкции за производство на протеини што би поттикнале имунолошка заштита.
Оваа технологија се користи во одобрени вакцини против ковид и РСВ, но сè уште не е одобрена вакцина против грип. Модерна развива комбинирана вакцина со мРНК против ковид и грип.
Традиционалните вакцини, кон кои ќе бидат пренасочени владините средства, вообичаено користат парчиња вируси што се прочистуваат и се внесуваат во телото за да развие имунитет. Нивниот развој е многу побавен, но се сметаат за побезбедни.
Да бидам апсолутно јасен, Министерството поддржува безбедни, ефикасни вакцини за секој Американец кој ги сака, вакцини со цел вирус и нови платформи кои не колабираат кога вирусите мутираат. Фокусот на администрацијата е универзална вакцина. Веруваме дека ќе биде ефикасна не само против коронавируси, туку и против грип, изјави Кенеди.
Експертите за заразни болести велат дека вакцините со мРНК се безбедни и предупредуваат дека без оваа технологија потешко ќе може да се запрат идни пандемии. Експертот Мајк Остерхолм од Универзитетот во Минесота истакнува дека главната предност на оваа технологија е брзото производство, што е клучно за навремена реакција во случај на пандемија.
*****
Види и: Што всушност се криe за мРНК вакцините?
САД свесно криеле дека мРНК вакцините се ризик за срцето
Водечки доктори бараат итно суспендирање на сите мРНК ковид вакцини