Што всушност се криe за мРНК вакцините?

Германски и европски надлежни институции со години не даваат одговори за тестирања на мРНК вакцините, иако податоци одамна се протечени во јавноста. Освен што со ваков молк се губи довербата во надлежните, криењето податоци создава впечаток дека стандардите за безбедноста можеби не се толку високи колку што е неопходно за дозирани лекови што масовно се користат кај здрави луѓе.

Група германски професори по хемија и физика три години попусто чекаат одговор од германските и од европски власти за мРНК вакцините за прашања за кои сметаат дека се важни и за научниот свет и за јавноста. Конкретно побарале информации за мерни методи за квалитетот на вакцините и за толеранциите за интегритетот и концентрацијата на состојките. Тоа се податоци што не се трговски и деловни тајни.

Највисоката институција одговорна за одобрување на медицински производи е Европската агенција за лекови (ЕМА). Согласно сопствените внатрешни правила во однос на Законот за слобода на информации, ЕМА му дозволува на секој граѓанин на ЕУ да побара два документи, кои мора да бидат обезбедени во рок од две години. На научниците што побарале документи во април 2022 година, им ги испраќаат на парчиња, со толку многу зацрнети полиња, што практично се безвредни. 

Зачудени сме што 'дозволените толеранции' утврдени од властите се редактираат врз основа на „заштита на трговските тајни на производителот“, иако е објавен квантитативниот состав на препаратите. Се добива впечаток дека дозволените толеранции се толку високи што властите не сакаат да ги обелоденат за да избегнат научно издржани оправдувања за нив, предупредуваат научниците.

Зацрнувањето на полињата веќе нема никаква улога, бидејќи на интернет долго време циркулираат протечени документи со бараните информации. Научниците така откриле што ЕМА сакала да прикрие. Во во редактиран документ била зацрнета супстанцијата натриум сулфат (филер во детергенти и лаксатив во медицината). Протечените документи покажуваат дека количеството на активна мРНК може да варира со фактор од 4, односно за приближно 400%.

Зошто се дозволени толку огромни толеранции? Нема ли технолошко подобрување? Дали производството станува прескапо со помали толеранции? Какво влијание имаат високите толеранции врз ефикасноста и несаканите ефекти? Не за џабе велат: дозата го прави отровот, реагираат научниците.

По тригодишни напори, тие заклучуваат дека денес ne doznale многу повеќе. Институтот „Пол Ерлих“ ПЕИ спроведува само четири експерименти: оцена на бојата од око (што е несоодветно за супстанции што одбиваат силна светлина); тест за pH вредност со толеранција од фактор 10 (висока за хемиски нестабилен липиден комплекс); тест за должина на мРНК (само една половина од молекулите треба да имаат правилна должина, што е висока толеранција); и тест за идентитетот на мРНКврз основа на неколку кратки секвенци, што не мора нужно да се однесува на целата мРНК.

Неколку лаборатории пријавија контаминација на ДНК од масовно произведената и користена вакцина на Бионтек.

24 април 2025 - 09:29