- Норвешкиот нобелов комитет спроведува внатрешна истрага дали протекло името на добитничката на наградата за мир пред официјалното соопштување во петокот на пладне. Комитетот се гордее со традицијата строго да го крие името на добитникот се до официјалното соопштување.
- Во четвртокот по полноќ на веб-страницата за обложување Полимаркет се засилиле облозите на Марија Корина Мачадо. Десетина часа подоцна беше објавено дека лидерката на венецуелската опозиција Мачадо е добитничка на Нобеловата награда за мир. Кристијан Берг Харпвикен, директорот на Нобеловиот институт, телефонски ѝ се јавил за да ја информира во 10.50 часот.
- До четвртокот вечер, на обложувалниците најголеми фаворити за добитник на нобеловата награда за мир биле а Јулија Навалнаја, вдовицата на рускиот опозиционер Алексеј Навални, и Доналд Трамп. За два часа, шансите за победа на Мачадо се искачиле од 3,75% на 72,8%. Нов корисник, регистриран во четвртокот, ја погодил победата на Мачадо и заработил 65.000 долари.
- „Се чини дека сме биле жртва на криминален актер, кој сакал да заработи пари од нашите информации“, изјави Харпвикен.
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.