
Била спроведена студија која опфатила над 2.000 возрасни лица на возраст меѓу 50 и 80 години, истата онаа генерација што биле деца или млади кога ултрапроцесираната храна почнала да се појавува на полиците во супермаркетите.
Околу 12% ги исполнувале критериумите за зависност.
Меѓу жените на возраст меѓу 50 и 64 години, речиси една четвртина биле зависни. Генерално, жените имале стапка на зависност од 17% во споредба со 7,5% кај мажите.
Жените навлечени на ултрапроцесирана храна главно имале приход под 30.000 долари годишно. Кај мажите нема ваква корелација со приходите.
Ултрапроцесираната храна има високо ниво на рафинирани јаглехидрати и додадени масти со ограничена хранлива вредност. Во суштина, овие прехранбени производи се создадени да му бидат привлечни на мозокот преку вкусови и текстури, без многу корист за телото.
Овие намирници имаат елементи кои ги ги активираат патиштата за наградување во мозокот на сличен начин како што тоа го прават другите супстанци што предизвикуваат зависност, како што е алкохолот или цигарите. Ова доведува до компулсивно или неконтролирано јадење и желба.
Иако зависноста од овие намирници моментално не е препознаена дијагноза, оваа студија проценува дека таа влијае на околу 12% од постарите возрасни лица. За споредба, зависноста од алкохол и тутун кај оваа демографска група се проценува на околу 1,5% и 4% соодветно.
Истражувачите теоретизираат дека причината зошто жените се повеќе погодени од мажите е тоа што кон оваа возрасна група биле фокусирани маркетинг кампањите во 1980-тите години, продавајќи високојаглехидратни намирници со ниска содржина на масти како „диетални“ и „алтернативни“ опции за оброци.