Веселин Вујовиќ распали по Пикси: „Великомаченику, успеа во невозможното“

Некогашниот тренер на РК Вардар 1961 и миленик на скопските „Комити“, ракометниот стратег Веселин Вујовиќ отворено распали по Драган Стојковиќ - Пикси кој по дебаклот 0:5 од Англија, синоќа претрпе уште потежок пораз, 0:1 од Албанија на домашен терен.

Ракометниот тренер Веселин Вујовиќ во објава напишал дека „Пикси успеал во нешто што е невозможно - да излезе од легендата и тоа на најлош можен начин. Изјавува дека е одговорен човек и дека на водечките луѓе од сојузот им понудил оставка? На кои луѓе? На кои треба пред него да поднесат оставки. Оставка не се нуди туку се дава, но за тоа треба да имаш мадиња, мачениче“.

Го критикува и Фудбалскиот сојуз на Србија кој според него намерно ја водел репрезентацијата да игра во Лесковац на онаков терен зошто никаде на друго место не смеат да се појават.

„Контролирате град, стадион, гледачи. Го стишувате тонот за да не се слуша што народот скандира, а таков народ кој доведовте и плативте, го изрази мислењето и незадоволството на цела Србија“.

По дебаклот на фудбалската репрезентација на Србија со поразот 0-1 од Албанија дома, шансите за пласман на Светско првенство 2026 на српските фудбалери преку баражот значително се намалија. Второто место во групата го држи Албанија зад неприкосновената Англија.

Голема победа на Албанија во Србија, Пикси доби отказ

12 октомври 2025 - 13:35