
Натпреварот се играше на стадионот „Дубочица“ во Лесковац пред околу 5.000 гледачи, а српската јавност беше изненадена од овој потег на тамошниот фудбалски сојуз кој реши наместо во Белград каде стадионите имаат голем капацитет, клучниот натпревар да се игра на мал стадион.
Албанија се бранеше одлично од стартот на натпреварот и ја чекаше својата шанса на истекот од првиот дел. Во 45+1' минута Реј Манај постигна ефектен гол по одбиена топка во шеснаесетникот на Србија.
После овој натпревар, во групата К Англија е убедливо прва со 15 бода, Албанија втора со 11 бода и натпревар повеќе од Србија која е трета со 7 бода.
По натпреварот српскиот селектор Драган Стојковиќ изјави дека разговарал со челните луѓе на сојузот, дека понудил оставка а подоцна беше објавено дека тој веќе е поранешен селектор. Нов предводник на Србите најверојано ќе биде Вељко Пауновиќ кој до скоро го водеше шпански Овиедо.