Ерика Јонг
Според нејзината ќерка (писателката Моли Јонг Фаст), Јонг, која барем според книгите нема..хм..влакна на јазикот кога е во прашање сексот, дома не зборувала многу на оваа тема. Кога имала 11 години Моли ја прашала мајка си како да го одбере нејзиниот прв сексуален партнер. Ерика едноставно (и многу мудро) одговорила: „Гледај да биде фин, и да не те збори на други луѓе".
Во текот на настапите и интервјуата за збирката текстови „Шеќер во мојата чинија: вистински жени пишуваат за вистински секс" (2011), таа зборувала за иднината на оваа меѓучовечка активност, велејќи дека „добриот секс е се уште мистерија" и дека „поголемиот дел од него не е интимен". „Сексот не секогаш ги отвара душите на луѓето, и мислам дека мора да научиме дека вистинската интимност е ретка, и зависи од други работи освен од него", додала таа.
Нил Гајман
Гајман не верува дека постои една единствена реакција на сексот која им пасува на сите, без оглед дали станува збор за литература, филм или реален живот. Дури и секој од нас поединечно не е секогаш доследен во своите ставови кон него, кои можат да варираат од ситуација до ситуација. Според Гајман сепак сексот треба да биде прослава: „Последен пат кога бев во хотел и пуштив порно, имав грозно чувство дека тие луѓе само се движеа напред-назад. Имаа список од дванаесет работи кои мораа да се случат, и само ги штиклираа една по една, без никаква радост".
Анаис Нин
Нин му напишала луто писмо на некој клиент за кого пишувала еротски романчиња. Тој барал од неа „да ја изостави поезијата" и „да се концентрира на сексот". Нејзиниот одговор:
Изворот на сексуалната моќ е љубопитноста, страста. Гледаш како нејзиниот мал пламен умира од недостаток на воздух. Сексот не вирее во монотонија. Без чувства, креативност, расположенија, без изненадувања во креветот. Сексот мора да биде помешан со солзи, смеа, зборови, ветувања, сцени, љубопитност, суета, сите зачини на страв, патувања во непознато, нови лица, приказни, соништа, фантазии, музика, танцување, опиум, вино.
Мишел Уелбек
Тој се уште нема одлучено дали сексот е „добар или не", но е сигурен дека грдите луѓе немаат сексуален живот. Кога давал интервју за неговиот прв роман, „Како и да е", за Париз Ривју, раскажал дека ја напишал приказната за очајниот компјутерски програмер и девицата од дваесет и нешто години затоа што сакал да каже дека „некои луѓе имаат сексуален живот, а други не, само затоа што се попривлечни од останатите...ако луѓето немаат сексуален живот, тоа не е заради некаква морална причина, туку само затоа што се грди". Уелбек исто така има кажано: „Сексот треба да е позитивен. Покажувањето на фрустрирана сексуална желба е непристојно. Но истовремено, тоа е вистината".
Изабел Аљенде
„За жените најдобриот афродизијак се зборовите. Џи-точката е во ушите. Оној кој ја бара долу, си го губи времето".
И конечно, мајсторот за коментирање по ова прашање, г-дин Вуди Ален: „Сексот ја намалува тензијата. Љубовта ја предизвикува" и „Дали сексот е валкан? Само ако се прави како што треба".