Павел Астахов, спротивставувајќи се на воведувањето сексуално образование во училиштата, вели дека младите Руси можат да научат сè што им треба од оваа широка област од руската литература.
„Јас сум против каков и да е вид сексуално образование помеѓу децата", изјавил Астахов, во телевизиско интервју. „Недозволиво е да се воведуваат предмети кои би ги расипале".
Иако има една од најбрзо растечките епидемии на ХИВ, Русија нема сексуално образование во училиштата, најмногу како резултат на влијанието на руската православна црква и конзервативците. Астахов освен што сега се истакна со посочувањето на вистинскиот извор на сексуална поука, оваа година беше и прилично активен во воведувањето забрана за посвојување на руски деца од страна на граѓани на САД.
Невладините организации и различните здруженија за права на децата велат дека наместо забрана на сексуалното образование, потребно е токму спротивното. „Сите наши анкети покажуваат дека 90% од Русите веќе имаат сексуално искуство до 19-годишна возраст, а владата сака да им го ускрати правото да бидат соодветно информирани", изјавила претставничка на една од групите кои се залагаат за воведување на ваков предмет, наведувајќи го и тоа дека сексуалното образование не значи само зборување за сексуалниот чин, туку и за изборите кои ги правиме поврзани со сексот, на пример изборот на партнер(и).
Астахов додуша признал дека денес децата можат да дојдат до информации во врска со сексот на различни начини, и ги советувал родителите да внимаваат на нив, и да бидат подготвени да одговорат на различни, често непријатни прашања. Наместо сексуално образование тој го предлага предметот кој бил изучуван во времето на СССР, „етика и психологија на семејниот живот".
Колку за илустрација, еве што советува руската литература на тема „секс". Знаеме дека знаете, ама можеби никогаш не сте размислувале за овие романи како за педагошки средства. Eдинствениот ефикасен контрацептив кој ни паѓа на памет, а има врска со руската книжевност, е следниов: постојано носете ги со себе неколкуте томови Војна и мир, и во клучниот момент - стегнете ги цврсто меѓу нозете.
Ана Каренина од Толстој
Ана е заробена во брак без љубов за ригидниот владин службеник Каренина, и почнува афера со згодниот гроф Вронски. Нејзиниот брак се распаѓа, таа станува депресивна и параноидна, за на крај да се фрли под воз.
Лолита од Набоков
Напишан на англиски од руски емигрант, Лолита зборува за опсесијата и поседовалната сексуална врска помеѓу средовечниот професор, Хамберт Хамберт, и Долорес Хејз, 12-годишно девојче.
Евгениј Онегин од Пушкин
Онегин, хипстер од Петерсбург, патува на село со неговиот пријател Ленски за да ја запознае неговата вереница Олга и нејзината сестра Татјана, која му изјавува љубов во страсно писмо. Онегин ја одбива Татјана и флертува со Олга од досада, што води кон дуел со Ленски, кого го убива. Неколку години подоцна, тој се среќава со сега мажената Татјана и ѝ кажува дека сепак ја сака. Но таа не сака да го напушти мажот, и Онегин паѓа во очај.