Брисел бара децата самите да си го избираат полот

Новата Стратегија за еднаквост на ЕУ предвидува децата на било која возраст да си го изберат легалниот пол, без медицински и бирократски контроли, по сопствена желба. Се предвидува и забрана на „терапиите со разговор“, со што родителите или професионалците нема да имаат начин да проверат дали детето навистина сака да започне неповратни процедури за промена на полот.

Поддржуваме развој на законски процедури за признавање на полот врз основа на самоопределување, без какво било ограничување на возраста, пишува во документот „Стратегија за еднаквост на ЛГБТИКју+ лицата за периодот од 2026 до 2030 година“ на Европската комисија.

Брисел воедно се заканува со казни – со блокирање на средствата од ЕУ за „дискириминаторските“ региони што одбиваат да се усогласат со новите вредности.

Стратешкиот документ ги критикува земјите-членки кои бараат медицински интервенции или одобренија од лекар пред некој да може да го промени својот пол на официјални документи, како што се личните карти. Предлозите се однесуваат само на законско признавање на полот, што значи дека сè уште ќе бидат потребни медицински прегледи и проценки за хормони или операција.

Барањата за законско признавање на полот значително се разликуваат меѓу членките. Додека голем број членки усвоија модели на самоидентификација, други наметнуваат медицински процедури, за кои Европскиот суд за човекови права утврди дека може да се прекршување на човековите права, пишува во Стратегијата.

Исто така, на удар се терапиите што имаат за цел да го доведат во прашање избраниот идентитет на детето. Според новите правила, „терапиите со разговор“ - за да се испита дали младото лице е сигурно во одлуката за промена на полот - може целосно да биде забранета. Критичарите велат дека ова би значело дека нема да има начин родителите или професионалците да проверат дали детето навистина сака да започне неповратни процедури за промена на полот.

Со својата нова стратегија за еднаквост на ЛГБТИКју+ лицата, Европската комисија ефикасно го следи списокот на желби на лоби групите на транс активисти во Брисел, кои се исклучително добро финансирани од самата комисија и се многу влијателни во институциите на ЕУ. Скандалозно е што и покрај протестите од групите за права на жените, лезбејките и геј лицата, родителите и детранзиционерите, комисијата очигледно се стреми да ја вгради идеологијата на родовиот идентитет во практично секоја област на политиката, вклучувајќи ги и правата на жените, вели Фаика Ел-Нагаши, основачка на форумот Атена и поранешната пратеничка од Зелените во Австрија.

Од 27-те членки на ЕУ, само девет моментално го прифаќаат самоидентификувањето без медицински пречки. Дванаесет сè уште чекаат на експертско мислење.

Во Германија, родителите можат да ги менуваат ознаките за пол во документите на своите деца од петгодишна возраст, а оние на возраст од 14 години можат да го сторат тоа самите, со согласност од родителите. Во Ирска, која исто така признава „самоидентификација на полот“, тинејџерите на возраст од 16 и 17 години можат да аплицираат за промена на полот запишан во извод од матичната книга на родените.

Документот на комисијата сè уште не е конечен и треба да биде ратификуван од националните влади.

11 октомври 2025 - 08:55