Заедно со САД, Велика Британија рапидно го билда своето воено присуство во балтичкиот регион, поточно земјите кои граничат со Русија, што уште од договорите на Горбачов и Реган се смета за агресивен и провокативен сигнал.
Се праќаат 800 британски војници во Естонија од кои 500 ќе бидат постојано разместени а САД веќе започнаа со разместување на 4.000 војници во Полска, што е нејголемо американско воено придвижување во Еропа по завршувањето на Студената војна.
Како одговор на ова и Русија довлекува воена сила и оружје на своите источни граници.
Во таков контекст лидерот на британските лабуристи посака де-ексалација на тензиите меѓу НАТО и Русија и во интервју за BBC рече дека би сакал да види „демилитаризација во граничните појаси“.
Иако не заборави да ги спомне руските проблеми на тема човекови права и дома и во Сирија, Џереми Корбин рече дека односите со таа земја треба да се поправат и дека е недозволиво да се враќа менталитетот на Студената војна.
Тоа беше доволно актуелниот британски министер за одбрана Мајк Пенинг да го прогласи за колаборационист на Кремљ.
„Неговите видувања сугерираат дека првиот лабурист попрво би соработувал со рускиот агресор отколку да ги поддржи нашите НАТО сојузници. Како и во минатите случаи, ова покажува дека ним не треба да им се доверат прашања од национална безбедност“, рече Пенинг.
Ова е истата пропагандна формула која со децении се користи на Запад: секоја резерва кон милитаризацијата да се прогласува за нелојалност или предавство. Ако сте против воен конфликт тогаш најверојатно негувате некакви тајни симпатии кон непријателот или пак директно сте колаборационист или негова маша (да не помисли некој дека овдешното хистерично откривање и прогласување „скриени поддржувачи“ е иновација на параноичните билмези од социјалните мрежи и сељаците од треш порталите?).
Формулата е скована во ерата на Студената војна со цел постојано да се одржува напнатоста (непријателот никогаш на спие!) и од неа произлеените дебели воени буџети но и после неа се одржуваше во форма кога беше прашање дали да се стартуваат воените машинерии: оние кои беа против интервенција во Либија беа апологети на Гадафи, оние кои беа против влегување во Ирак беа симпатизери на Садам а оние кои во се сомневаат во некој аспект на војната против тероризмот се обвинуваат дека всушност го помагаат Исис.
Овој темплејт во последно време е драстично зачестен, особено по победата на Трамп и сомнежите околу руската улога во американските избори. А загриженоста на Корбин е и тоа како оправдана со оглед на тоа што Русија и САД имаат огромни количини нуклеарно оружје чија употреба би имала апокалиптични ефекти на планетава.
Како што покажаа историчарите, тие две земји во минатото во неколку наврати за влакно имаат избегнато ваков епилог. Пичвајз по кој би настанал ресет на животот на Земјата би можел да се случи и поради банални грешки во комуникацијата или толкувањето, а не па со намерно провоцирање и ѕвечкање со оружје.
Општо земено, за време на мандатите на Обама ние ја продлабочивме опасноста од играњето со нуклеарно оружје. Во овој момент, околу илјада наши нуклеарни ракети сè уште се на исто ниво на готовс како што беа во Студената војна, и спремни се во рок од пар минути неповратно да полетаат кон своите цели", напиша Лоренс Краус во Њујоркер.
Ама Цацко Корбин крив.
* Види и: Ако сакаш да го елиминираш, прогласи го за проруски