Извесен Мортен Беј тврди дека зад лошиот публицитет на последниот филм од Стар Ворс главно стојат Русите. Зошто? Ех, си знаат тие зошто. Елем, не биле сами туку во содејство со американските крајни десничари, што на овие простори е добро познат рецепт од социјалистичкото минато, кога надворешниот непријател секогаш беше поврзан со домашни елементи кои сакаат да ја дестабилизираат земјата.
Неговиот опит на оваа тема се вика “Вепонизирање на хејтерите: Последниот Џедај и стратешката поларизација на поп културата преку манипулација на социјалните медиуми“. Беј верува дека во минатогодишната лавина критики на филмот постои „намерно и организирано политичко влијание, маскирано како мислења на фанови“. По него, нема сомнеж дека мотивот на оваа операција е да се исрцрта профил на САД како дисфункционално општество, што, нели, е главна цел и на американските крајни десничари и на Русите.
Тој тврди дека точно 50,9% од негативните твитови за филмот биле политички мотивирани а некои од нив и не бил луѓе, то ест биле руски ботови.
Режисерот Рајан Џонсон, кој изеде добар дел од порцијата мајки-шајки за „Последниот Џедај“, го ретвитна Беј и рече дека иако не ја читал неговата студија, му звучи многу логично дека тој не е крив за филмот.