Неговата вчудовиденост од состанокот е како директорите разговараат не за тоа што имало на вести, туку што ќе има за следната недела. Померантсев сведочи за тоа како еден од најпознатите водители на вести "ги анализира претстојните настани како да се дел од сценарио за филм, размислувајќи како е најдобро да се забавува публиката и кој ќе биде непријателот за следната недела."
Померантсев како омилен трик на пропагандата ги наведува интервјуата во кои кредибилен експерт го седнуваат до нео-нацист, ставајќи ги фактите едно до друго со фикцијата, и на тој начин поттикнувајќи толку цинизам што гледачите не веруваат во ништо. Друг трик е да се даде кредибилитет на некоја теорија на заговор - која по дефиниција е тешко да ја побиеш затоа што нејзините поддржувачи се имуни на разумна дебата.
"Она што тие во основа се обидуваат да го поткопаат е идејата за разговор базиран на реалноста, и да ја искористат идејата за повеќе вистини со цел ширење на дезинформации, чија крајна цел е да го преполнат информативниот простор со ѓубре," објаснува Померантсев.
Неговата процена е дека и покрај целиот притисок, приоритетот на Путин е да ја одржува Украина околу точка на вриење, без разлика на финансиската штета. По него, западните санкции наместо да го разубедат Путин, само ќе помогнат Русија да биде позатворена и диктаторска.
"Она што е важно во диктатура е контрола на безбедносните служби и контрола на пропагандата. Нема ништо добро околу тоа што паѓа рубљата, ова само ќе ги влоши работите во Русија," порачува Померантсев.