Толкувајќи ги наодите на една неодамнешна студија на Чикашкиот институт за глобални прашања во која се детектираат промените на американското јавно мислење околу интервенционизмот, уредникот на угледниот и независен американски Интерсепт, Макс Блументал, вели дека таа промена е резултат на оркестрираната кампања на меинстрим медиумите и безбедносните служби кои имаат неприкосновено влијае врз медиумите - особено врз CNN и MSNBC - кои јавното мислење го построија според желбите на елитите
„Две години но-стоп плашење со комунисти, хистерија за Русија и с'скање за Северна Кореја го направија своето, особено меѓу демократите“, вели тој.
РТ: Зборувајќи зџа меинстрим медиумите, зошто либералите поддржуваат интервенционистички политики повеќе дури и од републиканците? Нели е тоа необично?
Макс Блументал: Да, необично е. Но, прво да зборуваме за бројки. Од 2015 до последново лето гледаме пораст од 20% меѓу оние кои поддржуваат испраќање војници за одбрана на Јужна Кореја. Исто така, за првпат во историјата, мнозинството Американци се подготвени за испраќање војници да се борат и да загинат за Латвија против Русија.
Либералите непропорционално ги поддржуваат овие милитантни политики кои сугерираат започнување војна со Русија, па и со Кина. Ќе беше катастрофално ако почнавме со тоа. Зошто не се почна? Заради партиската војна против Трамп, кој се портретира како непријател на НАТО, како некој кој е човек на Русија кој е контролиран од некаков девет димензионален шах на Путин. Демократите сакаат да ја гледаат Русија во негативно светло и затоа се за воени интервенции.
Ова е комплетен пресврт од ерата на Буш, кога Демократите беа цврсто против војната во Ирак, бидејќи тоа беше војна на Буш. А сега гледате луѓе кои се против оружје, кои се против масовни убиства а истовремено навиваат за оружје и масовни убиства надвор од земјава.
РТ: Како гледате на решеноста на американскиот народ за бранење на источните европски земји како Литванија и Латвија, кои се членки на НАТО?
Блументал: Во 2014 година, американската државна секретарка Викторија Нуланд, сопруга на нео-конзервативецот Роберт Кејган, изјави дека Американците се подготвени да се борат и да загинат за Латвија. Тоа тогаш не беше вистина. Ама денеска е. Таквите расположенија се произведуваат.
Делумно се произведуваат и од НАТО пропагандата. Слушавме многу за воените вежби, на пример дека Русија ќе постави 100.000 војници на границата со Романија. Дури и „Демократија сега!“ пишуваше за тоа. Испадна дека првиот човек на НАТО, Јенс Столтенберг, упорно буткаше лага - дека 100.000 Руси доаѓаат на граница. Испадна дека се помалку од 10.000, за регуларна воена вежба. Ама тоа беше потребно за заплашување на државите. Пример за недвосмислена експлозивна про-воена пропаганда. И гледаме како таа полека ги моделираше мислењата и ставовите.