Жената минатиот месец е уапсена откако преку про-ИСИС пораки им се закануваше со смрт на федерални агенти. Заради траекторијата на нејзината кариера не може да се каже дали таа стварно верува во идеологијата на ИСИС или е осамена мајка во потрага по внимание. Според блиските, таа е "сè освен муслимански фанатик." За почеток тие објаснуваат дека таа се уште верува во "Исус како нејзин личен спасител."
Јасин е приведена од ФБИ откако ретвита "информации кои можат да помогнат во идентификување на двајца ФБИ агенти, со изјавата 'се бараат мртви'". Таа претходно има споделено фотографии и адреси на американски војници.
Иако во нејзиното соседство речиси никој не ја знае и скоро и да ја немаат видено, таа има илјадници следбеници на Твитер и Фејсбук кои жалат по нејзе. Во истрагата властите откриваат дека таа до апсењето во февруари има најмалку 97 Твитер акаунти.
Само од преглед на приватните сликите на Јасин се гледа дека таа е далеку од каква било ИСИС идеологија посебно околу строгите правила за жени. Таа ужива во спортови, музика, концерти и релаксирана облека.
"Поделбата меѓу онлајн и офлајн личноста не е ретка појава кај Американците уапсени за поддршка на ИСИС, посебно за оние што ги сметаат за самотници.
... Јасин е присутна онлајн многу пред појавата на ИСИС, меѓутоа и тогаш ја има истата жичка на параноја околу владата и недовербата во властите.
Во изминатите неколку години, таа е вклучена во повеќе онлајн заедници за свесност од 'штетите од вакцините' и загриженост околу тоа како 'кемтреилс' ги труе Американците," пишува Кејт Завадски во Дејли Бист.
Во еден пост, Јасин и пријателите дискутираат за (неточниот) 20000-процентен раст на аутизмот во последните 20 години, кој според дел од учесниците е конзервативна проценка.
"Грипот е прогласен за епидемија. 2.257 луѓе се хоспитализирани. А и покрај тоа 1 на секои 54 машки деца се дијагностицираат со аутизам. Каде е ЦДЦ да алармира за тоа? Грипот трае 5 дена, аутизмот трае цел живот," Јасин, мајка на аутистично момче.
Според роднините станува збор за мила жена, која се залагала за повеќе работи, "ако е пасионирана за ГМО, Монсанто или такво нешто... таа ќе оди и ќе протестира таму." Иако ја имаат читано што пишува на Фејсбук тие сепак не ја доживуваат како гневна и сурова.