Во снимката од документарецот кој е емитуван на северно-корејската телевизија, низ фотографии и снимки од бездомници се зборува за сиромаштијата на Западот, а посебно на САД.
Во еден дел од филмот прикажани се кадри од дрва без птици, како доказ за тоа дека во земјата нема птици бидејќи сиромашните одма би ги изеле.
"Уште еднаш се гледаат дрвата без птици, освен овие кои ќе бидат изедени во вторник," објаснува англискиот преведувач.
Приказната продолжува со кадри од "други делови на Америка, често маскирани како градови во Европа," во кои луѓето живеат ужасно. Додека оди овој коментар снимката ја покажува главната железничка станица во Букурешт.
Да не го раскажуваме неверојатното видео, изгледајте сами:
дополна: после цел ден трагање, излезе дека видеото е лажно, ама тоа не го прави ништо помалку интересно за гледање. Еве како се развиваше целата работа.