Станува збор за отворање сосема нов дел од Пјонгјанг, начичкан со нови згради за живеење. На церемонијата присуствуваа илјадници жители, 200 странски новинари, и еден врховен лидер на Северна Кореја. Иако присутен Ким Јонг-Ун не држи говор на отворањето, тоа наместо него го направи премиерот на земјата, кој порача дека проектот покажува дека санкциите го немаат посакуваниот ефект и дека земјата само станува посилна.
Работата на проектот започнува минатата година и е една од главните теми на тамошните медиуми. Името на улицата е Рјомјонг ("зора" на корејски) и требаше да биде завршена во декември минатата година, меѓутоа дел од ресурсите беа пренаменети за помош во поплавата на североистокот од земјата. Меѓу зградите на новата улица има и облакодери од по 70 ката.
Странските новинари беа поканети да останат на прославата на најголемиот севернокорејски празник "Денот на сонцето", кој се поклопува и со 105-годишнината од раѓањето на основачот на земјата Ким Ил-Сунг.