„Иако најголемиот дел од напаѓачите се Корејци, шпанските разузнавачки служби идентификуваа најмалку двајца од нив дека имаат врски со американска ЦИА,“ објавува Ел Паис.
Истрагата за несекојдневниот грабеж ја води полицијата и шпанските разузнавачи (ЦНИ). Настанот е од 22 февруари, и во него група мажи без да биде забележана упаѓа во амбасадата во Мадрид, го врзува целиот персонал и му се заканува, пред да почне да тарашка по документите и инвентарот.
Ограбувачите се даваат во бегство дури откако една од врзаните жени успева да се ослободи и да го вклучи алармот.
Ел Конфиденциал, кој прв ја објавува веста, пишува дека на полицаецот кој бил испратен да провери за што е алармот на порта му било кажано дека сè е во ред, за по неколку моменти „портите да се отворат и две луксузни возила со цела брзина да излетаат од таму и да избегаат од местото.“
Според Ел Паис шпанските власти се побуниле кај претставниците на ЦИА околу целата работа, но од таму негирале каква било вклученост „ама не нешто посебно уверливо“.
Упадот во амбасадата се случува на 5 дена пред средбата меѓу Трамп и Ким Јонг Ун. Се смета дека криминалците барале информации во врска со главниот преговарач на Ким, Ким Хјок Чол, кој служи како амбасадор во Шпанија се до септември 2017, кога е протеран од земјата.