Документите што на Пост му ги испорачува поранешен вработен на Хуавеи покажуваат дека компанијата помогнала во „создавање и одржување“ на мрежата. За да нема галама работата била завршена со затскривање зад кинеската државна компанија „Панда интернешнл информејшн технолоџи“.
Плус за секој случај во корпоративните документи Северот бил заведен како „А9“. Хуавеи истиот овој код во својата документација го користи и за работата што ја тера во Иран и Сирија.
Претходно САД го обвинија Хуавеи за прекршување на санкциите против Иран.
Новото инфо значеше почеток на нов сет мрчења и мерки против кинеската компанија, која периодов беше пример за моќта со која американската влада располага во контролирање на глобалниот технолошки сектор.