Ниту има некоја јасна структура, ниту пак какво било видливо движење или организација, ама во рок од две години во Франција имало најмалку 140 напади и саботажи на 5Г антени и опрема.
Насловната на „Judge“ магазин од 26 октомври 1889, времето кога во САД почнува да се воведува електрична енергија, која алармира за ѓаволштините на струјата и посебно уличните бандери.
По речиси една деценија анализи и качувања по згради за да видат каде да ја постават 5Г опремата на Хуавеи, инженерите на Бритиш телеком деновиве ја започнаа 700 милиони долари вредната акција за вадење на истата оваа опрема и заменување со друга.
Во повеќе дворови низ Хјустон периодов никнуваат големи кутии поставени од Веризон, кои не зрачат 5Г меѓутоа мора таму да стојат како логистика на постојната 5Г мрежа на телекомот.
За вас што ви се руши, продолжете, ништо што ние имаме да ви кажеме нема да ве предомисли. За вас што не ви се верува што читате, што да ви кажеме, чувајте живци и гледајте 4Г-то да ви е добро.
Да ги слушаш политичарите како зборуваат за 5Г е исто како да слушаш човек што прв пат се надувал како зборува за космичка свест и отворање чакри - не знаат за што зборуваат, ама сите мора да ги чујат.
Бидејќи никој не сака да се случи масовно напнување на Германците, и покрај тоа што просекот на државно ниво им е околу 75 мегабити, се работи на воведување гигабитен интернет во целата земја.
Примирјето околу кинескиот гигант заврши деновиве со текст од Вашингтон пост во кој се објавува дека Хуавеи последниве години работел на повеќе проекти во Северна Кореја, вклучително и изградба на нивната мобилна мрежа.
Во интервјуто со Блумберг, Рен Женгфеи зборува за сите проблеми што го затекоа последниве месеци и тоа што му наметнаа статус на негативец во светот. Од негова гледна точка Американците и Трамп се љубоморни што Хуавеи отишол толку напред.
Додека американските власти се заканија по сите можни основи (дипломатски, воено, разузнавачки) на секој од нивен табор што ќе инсталира Хуавеи опрема за 5Г мрежите, американските експерти за телекомуникација посочуваат дека Америка сама се наместила да биде во ваква позиција.
Повеќе работи се и аргументи кои (во теорија) држат, меѓутоа главно целата работа се сведува на тоа дека успехот на Хуавеи во создавањето на 5Г опрема е знак дека САД ја губат лидерската позиција во мобилниот интернет и „симболично означува дека економската супериорност на Кинезите ја минала точката од која нема враќање.“
Додека американските технолошки компании пријавуваат проблеми со намалени приходи главно заради слабата продажба во Кина, кинески Хуавеи има проблем да стапне во САД исклучиво затоа што американската влада одлучи да забрани работење на компанијата на нејзината територија.
Два канадски телекоми ќе треба да платат 1 милијарда долари за да ја извадат телекомуникациската опремата на Хуавеи што ја имаат инсталирано во нивните 5Г мрежи доколку канадската влада комплетно забрани користење на технологија од кинеската компанија.
За да нема мистерии и недоразбирања, неколку технолошки гиганти уште од сега го објавија ценовникот за лиценцирање на 5Г технологијата што ќе треба да ја користат следните генерации на смартфони.
Американската администрација размислува државата да преземе дел од националната мобилна мрежа, конкретно 5Г мрежата. Предлогот за национализација бидејќи доаѓа од советниците на Трамп за безбедност, се води како мерка за заштита на американската мобилна мрежа од Кина.