Тоа што вистински држи во стравот на Западот е дека Хуавеи веројатно би морал да направи сè што ќе му биде наредено од страна на кинеската држава, бидејќи тој нема правна заштита од тоа. Но, тоа што сериозно ја поткопува уникатноста на овој страв е дека истото важи и за која било кинеска компанија, без разлика дали работела за Епл, Тесла, Самсунг или кој било светски технолошки гигант.
Иако го нема беџот Хуавеи и сличен бренд, најголемиот дел од технологијата на која денес се базира глобалната телеком и општо технолошка структура (од рутери, сервери, дискови...) е целосно или делумно произведена во кинески фабрики, на кинески производни линии, заради што кога веќе се паничи не може да се паничи само на една тема.
Како што објаснува Руперт Гудвинс во Реџистер, опасноста (од прислушување, крадење податоци, следење...) е реална, ама важи за секоја сфера, па затоа треба од старт да се постават поинакви правила на игра и дека за тоа се смислени стандардите. Односно, дека кутија Икс произведена од Хувеи ако затреба може да биде заменета со кутија Ипсилон од Ериксон, а остатокот од опремата и софтверот да продолжи да работи без никаков проблем.
Проблемот што тој го идентификува во овој план е дека Хуавеи е сериозно субвенциониран од кинескиот буџет, додека западните производители немаат ни приближна поддршка како Хуавеи. За Гудвинс „е ова е проблем што загрижените политичари можат да го решат“.
Друг столб на одбраната од кинеска доминација е што сите 5Г оператори работат со лиценца, па како задолжителна ставка во оваа лиценца може да се наведе дека нема да биде имплементирана ниту една технологија што не е произведена од најмалку две компании. Плус на ова тој предлага и задолжителна ревизија на сите софтверски апдејти што се имплементираат, отворање на „сорс кодот“ и локално ре-компајлирање како дел од предусловите за соработка со нив.
„Сосема е возможно за Западот, дури и во неговата сегашна состојба на поделби и расцепканост, да донесе кохерентни политики кои комбинираат остварливи цели кај безжичната инфраструктура, одржлив технолошки економски раст, и лична и државна безбедност,“ порачува Гудвинс.