Во документот до кој доаѓа Аксиос, се тврди дека на САД им е потребна „централизирана национална 5Г мрежа во рок од три години.“
Според нив ова може да се оствари на два начина:
1. Американската влада плаќа и ја гради мрежата, што се доживува како „национализација без преседан во историски приватната инфраструктура“.
2. Алтернативен план во кој мобилните оператори (безжични провајдери) ќе изградат сопствени 5Г мрежи што ќе бидат конкурентни едни на други. Слабост на ова решение е што ќе биде поскапо и ќе треба повеќе време за да се изгради.
Извори на Аксиос тврдат дека втората опција воопшто не е опција, и дека само единствена централизирана мрежа се смета за соодветна заштита на Америка од Кина и останати злонамерници. Она што според нив ќе се дебатира во Белата куќа е дали мрежата ќе биде изградена и во сопственост на американската влада или операторите треба да создадат конзорциум за да ја изградат заедничката мрежа.
„Првата опција ќе доведе до сојузна контрола врз дел од економијата кој денес во најголем дел е контролиран од приватни безжични провајдери. Во меморандумот, администрацијата на Трамп ова го поврзува со ’еквивалент на Националниот систем на автопатишта на Ајзенхауер’ и тврди дека тоа ќе создаде ’нова парадигма’ за безжичната индустрија до крајот на мандатот на Трамп,“ се објаснува во текстот на Аксиос.
Паниката околу Кина и брзањето да се изгради 5Г мрежата е затоа што „Кина постигнала доминантна позиција во производството и управувањето со мрежната инфраструктура“ и според документот „Кина е доминантен злонамерен играч во информатичкиот домен.“ За да ја претстави моменталната состојба на американската безжична мрежа, во презентацијата е искористена слика од средновековен град со ѕидини, наспроти иднината претставена со слика од Менхетен.
Целиот документ тука