Хуавеи со целата своја технологија и патенти е на пат да држи речиси половина од глобалниот 5Г пазар, што никако не им се допадна на нациите кои се навикнати да доминираат и контролираат нови технологии.
Освен ова, доминацијата во 5Г технологијата ќе значи дека авторитетот за поставување на стандардите за идните технологии, како 6Г, ќе се префрли кон Кина.
„Комерцијалната моќ речиси секогаш директно се претвора во моќ за поставување стандарди... а ако доминираш кај стандардите доминираш и кај производот. Развојот и изумите ќе одат побрзо и ќе работиш подобро од другите,“ објаснува професорот по компјутерски науки од Колумбија Универзитетот, Хенинг Шулцрин.
Имајќи го ова предвид, САД моментално не произведува 5Г опрема, ама ја користи целата своја снага од војска до разузнавање за да изврши притисок врз сојузниците да не користат кинеска технологија. Како што ќе објасни потпретседателот на САД „не можеме да осигуриме одбрана на Западот ако нашите сојузници станат зависни од Истокот.“
Хуавеи во моментот држи околу една третина од глобалниот пазар на 4Г, а за 5Г се очекува дека ова ќе порасне на една половина. Компанијата веќе има договори за инсталирање на 5Г со најразлични земји низ светот.
Сета оваа драма, професорката по политички науки од Универзитетот во Торонто, Џенис Штајн, ја сведува на следната равенка:
„Не се работи за нечија доблест. За најголемиот дел од светот, прашањето е кој сакаш да те шпионира?“