За почеток на операцијата е избран Хул, кој ќе биде првиот британски град во кој опремата на Хуавеи ќе биде целосно отстранета. „Ослободувањето“ на Хул ќе трае до јули годинава, а операцијата во целата мрежа на Бритиш телеком би требала да заврши за 7 години.
Од 18.000 базни станици за мобилната мрежа, Бритиш телеком ќе треба да смени 12.000. До сега се завршени само околу 130 главно заради логистичките компликации како барање дозволи од сопствениците на објектот или затворање улици.
Замената ќе биде направена со уреди од Нокиа и Ериксон, а забраната за користење се очекува дека ќе го одложи лансирањето на 5Г во Британија за 3 години и ќе ја чини индустријата околу 2 милијарди фунти.
Во пакет со 5Г ќе оди и 4Г опремата која претходно беше инсталирана од Хуавеи и повеќе години се користеше во Британија.