Намерата на министерството за економија е да воведе новa номенклатура и постојните броеви да бидат заменети со нови 14-цифрени телефонски броеви. Со промената Јапонија на располагање ќе има 10 милијарди телефонски броеви.
14-цифрените бројки ќе започнвуаат со 020, префиксот што земјата моментално го користи за ИОТ (Internet of Things) уреди. Иако 020 е воведен на почетокот од 2017, 32,6 милиони од постојните 80 милиони 020 броеви веќе се распределени.
Јапонија планира пуштање на 5Г мрежата во 2020, со што бројот на уреди на интернет ќе се зголеми а со тоа и побарувачката по нови броеви.
Во сегашниот распоред 090, 080 и 070 се користат за мобилната телефонија.