Дојде време Англичани да мафтаат со знамиња

Кога Англија и британската империја беа силни и самоуверени, глупо и непотребно било да се мафта со знамиња кои ja симболизираат културата, идентитетот и суверенитетот. Но луѓето таму чувствуваат дека тие работи сега се под закана. „Бевме сигурни кои сме и што сме и немаше потреба да се виткаме во знамиња“. Со масовната миграција што му се случува на островот, веќе не се сигурни дека тоа е истата Англија.   

Фото: ЕПА

Кога луѓе од сите возрасти и двата пола демонстрираат под крстот на Сент Џорџ и знамето на Унијата, и кога локални жители закачуваат знамиња на балкони и столбови за улични светла, нешто се случува.

„Оваа комбинација од англиски и британски знамиња е полна со значење, симболизирајќи ја културата на земјата и суверенитетот на државата - двете нешта кои сега се под закана“, пишува Телеграф. 

Во „нормални“ времиња, знамињата во Англија обично не будат емоции како во некои други земји. Тие таму ги ставаат на торби за пазарење, долна облека и навлаки за перници. 

Кога Англија беше во срцето на една империја и на успешна мултинационална држава, веењето знамиња изгледало непотребно, па дури и провокативно. 

„Бевме доволно сигурни во тоа кој и што требаше да бидеме, за да не треба да се виткаме во него. Денес, меѓутоа, веењето знамиња што го потврдуваат англискиот и британскиот национален идентитет го предизвикува легитимитетот на домашните елити“.

„Многумина сметаат дека Англија што ја познавале и сакале исчезнува или е исчезната“, пишува Роберт Томбс.

Јасно е дека кревањето на знамињата има врска со наелектризираното политичко време во Велика Британија, особено во Англија, кога станува збор за националниот идентитет и припадност. Имаше протести пред некои хотели каде што се сместени баратели на азил, каде што знамињата на Јунион Џек и Сент Џорџ беа многу видливи меѓу плакатите, пишува BBC.

Денес Англија доживува демографски шокови споредливи по обем со почетокот на 19 век, во комбинација со културни, етнички и политички промени големи како оние од 1960-тите. Само што денес го нема економскиот раст кој тоа го ублажуваше. 

Масовната имиграција денес можеби нема трансформативни ефекти како Реформацијата или Индустриската револуција, но ја поткопува британската кохерентност, наметнува опасни оптоварувања врз  економијата и го ослабува единството во услови на надворешни закани.

А долгорочните ефекти се непознати.

„За да успееме, мора да ставиме крај на неконтролираната имиграција и да инсистираме на интеграција како другите земји - на пример, Данска“, вели Томбс.

25 август 2025 - 14:02