- Од денеска на сила стапува новиот Пакт за миграција и азил на ЕУ – пакет од десет реформи што опфаќаат построги контроли на границите, обработка на барањата за азил и депортациите и порамномерно ја распределива одговорноста за сместување на мигрантите низ земјите-членки.
- Барателите на азил од „безбедни“ земји или оние што претставуваат потенцијална закана за безбедноста се соочуваат со забрзано тримесечно време на обработка и се ограничени на една можност да поднесат жалба за одбиено барање.
- Се дава приоритет на брзо враќање на лицата кои не ги исполнуваат условите за азил, се прошируваат овластувањата за депортации и се овозможува отворање центри за репатриација.
- Новата биометриска база на податоци (Еуродак) собира отпечатоци од прсти и фотографии на лицето од сите мигранти - вклучително и деца на возраст од шест години - за да ги следи нивните движења и да спречи неовластено патување во рамките на блокот.
- Земјите што се најсилно оптоварени со миграција ќе добијат загарантирана помош од другите членки на ЕУ – да примат дел од мигрантите или да обезбедат директна финансиска поддршка.
- Претседателот на Израел, Исак Херцог, најави дека ќе му го довери мандатот за формирање нова коалициска влада на опозицискиот лидер Гади Ајзенкот.
- Ни неговата (48 пратеници) ни партијата на Нетанјаху и неговите ултрадесничарски сојузници (53 пратеници) имаат доволно за влада но Херцог се решил на ваков потег откако лидерите на арапските партии најавиле дека поддршка би му дале на Ајзенкот.
- Досега сите израелски влади биле коалициони. Сегашниот распоред на силите се должи на рекордната излезност на арапските гласачи кои обезбедија 19 пратенички места.
- Ајзенкот е поранешен началник на армискиот Генералштаб и нема да му е лесно да создаде мнозинство со оглед на тоа што сите освен една еврејска партија, пред изборите се обврзаа дека нема да соработуваат со арапските коалиции за формирање влада.
- Четири жени и двајца мажи се мртви, најмалку 16 лица ранети (петмина странски државјани) а 12 од повредените се во критична или сериозна состојба.
- Тоа е моменталниот биланс од вчерашното рандом пукање во Краков од автомобил во движење кое го извел Пољак од дваесетина и нешто години пред да биде совладан од полицијата.
- Три дополнителни тела подоцна се најдени во куќата на осомничениот, се верува дека тоа се членови на неговото семејство, обелодени премиерот Доналд Туск.
- Мотивот на крвавиот пир сè уште е непознат а првичните сознанија упатуваат дека убиецот имал „многу радикални ставови.“
- Неговиот обид за бегство заврши со судар и размена на оган со полицајците. Еден од нив, и самиот ранет, го пука од блиску но во моментов не е јавено дека идиотот е мртов.