Владеењето на правото еродира во 26 европски земји

Владеењето на правото на европскиот континент е влезено во рецесија и резултатите кои ги мерат потребните параметри се во пад во 26 од 40 европски земји. Од 143 земји на глобално ниво, Албанија е на 91-ва а Србија на 95-та позиција. Ние сме на 65 место а две места подобра е европејска Бугарија.  

Нордиските земји како Данска, Норвешка, Финска и Шведска и натаму ги држат најдобрите четири позиции иако и кај има има регистриран пад во однос на резултатите од пред пет години. По нив следат Луксембург, Германија, Ирска и Холандија. 

Индексот мери осум фактори, вклучувајќи ограничувања на владината моќ, корупција, основни права и граѓанска и кривична правда. Резултатите се движат од нула до еден, при што повисоките вредности укажуваат на посилно почитување на владеењето на правото.

Состојбата со владеењето на правот не е само европски проблем. Индексот на WJP (World Justice Project) за 2026 година, во мониторираните 143 земји откри падови што ги анулираа подобрувањата во изминатите девет години.

Судските ограничувања на владината моќ, на пример, паднале во 63% од земјите.

Во Европа, најголем пад има Русија по која следат Грузија, Србија и Белорусија, додека Латвија и Литванија се најмногу подобрени. 

Силното владеење на правото зависи од независни судови, применливи права и ефикасни ограничувања на владините овластувања. Кога овие заштитни мерки ослабуваат, политичките лидери се соочуваат со помалку ограничувања во начинот на кој ја вршат моќта.

Според Извештајот за владеење на правото на „Либертис“ за 2026 година, политичкото мешање во судовите, ослабениот надзор и забрзаното законодавство ги поткопуваат овие заштитни мерки.

Организацијата ги посочи Бугарија, Хрватска, Унгарија, Италија и Словачка како особено загрижувачки случаи. 

Анкетата на Европската комисија од 2026 година покажа дека 71% од Европејците веруваат дека корупцијата е широко распространета во нивната земја. Истражувањето од Универзитетот во Гетеборг ги идентификува јавните набавки и здравствената заштита како сектори особено ранливи на корупција.

 

8 ноември 2026 - 11:32