- Четири жени и двајца мажи се мртви, најмалку 16 лица ранети (петмина странски државјани) а 12 од повредените се во критична или сериозна состојба.
- Тоа е моменталниот биланс од вчерашното рандом пукање во Краков од автомобил во движење кое го извел Пољак од дваесетина и нешто години пред да биде совладан од полицијата.
- Три дополнителни тела подоцна се најдени во куќата на осомничениот, се верува дека тоа се членови на неговото семејство, обелодени премиерот Доналд Туск.
- Мотивот на крвавиот пир сè уште е непознат а првичните сознанија упатуваат дека убиецот имал „многу радикални ставови.“
- Неговиот обид за бегство заврши со судар и размена на оган со полицајците. Еден од нив, и самиот ранет, го пука од блиску но во моментов не е јавено дека идиотот е мртов.
- Илон Маск на Икс сподели мислење дека ретроактивно, било грешка да се испратат илјадници бесплатни Старлинк антени во Украина и да се дадат милиони долари месечно во бесплатна услуга.
- „Она што започна како интернет за цивили стана 'рбет на автономните дронови за убивање. А денес, ако не поддржат воена употреба, медиуми критикуваат“, пишува твитот кој го сподели Маск а потоа го тргна од својот профил.
- Оваа објава дојде откако за влијанието на Маск врз американската политика, Зеленски рече: „Премногу моќ во рацете на едно многу богато лице. Таквата концентрација на моќ е опасна“.
- Претставничкиот дом на Парагвај ја одби понудената оставка на претседателот Сантјаго Пења за да може да му го одземе имунитетот и да покрене импичмент во Сенатот, што најверојатно ќе заврши со обвинение и судски процес.
- Одземањето на имунитетот било акламативно, вклучувајќи ги и пратениците од неговата партија а на Пења му беше одреден куќен притвор.
- Незадоволни од тоа, демонстранти се собраа пред неговата резиденција, во еден моментиот ја пробија блокадата па Пења итно бил евакуиран во некоја воена база.
- Причина за скандалот е затворањето на најголемата дигитална банка, Уено, која беше ставена под управа на централната банка откако се утврди дека паднала под предвидениот минимум солвентност. Преку три милиони луѓе во Паргвај останаа без своите пари па дополнително ќе бидат обесштетувани.
- Долго откако беше избран на функцијата, претседателот Пења одржувал бизнис релации со сопственикот на банката, групацијата Веласкез.
- Уапсени се група директори во Уено а претстедателот на Централната банка, Карлос Каваљо поднесе оставка. Не е сигурно дека ќе помине само со тоа: поставен е таму пред три години од Пења откако беше прв човек на финансиската компанија која прерасна во Уено.